Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред своите симпатизер ќе го игра натпреварот против Задар, во рамките од 24-тото коло на АБА лигата.

Македонскиот шампион е пред императив да МОРА ДА ПОБЕДИ, доколку сака да ги одржи кревките надежи за опстанок во АБА лига.

На три кола до крајот на регуларниот (лигашки) дел, МЗТ е на последното место на табелата со две победи помалку од Борац Чачак, а дури три од Морнар. Згора на тоа во меѓусебните дуели сино-белите белите ги загубија средбите со овие противници, па и да дојдат во ситуација да имаат ист број на бодови, аеродромци ќе бидат последни.

Затоа, почнувајќи од вечерва против Задар, па и во наредните две средби со Сплит на гости и Цибона на домашен терен, МЗТ мора да победи. Но, и во таква ситуација опстанокот не е гарантиран, односно македонскиот првак ќе треба да се надева на два порази на првенствено на Борац кој попладнево гостува кај Сплит (18 часот).

На МЗТ потребна му е поддршка од трибините, па затоа за вечерашниот натпревар во „Јане Сандански“ што почнува од 20 часот, влезот ќе биде слободен.