Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна ИТФ турнирот во Трнава, Словачка. Македонската тенисерка е рангирана како четврта носителка на турнирот со награден фонд од 40.000 долари .
Таа во мечот од првото коло ја совлада тенисерката од Турција Ајла Аксу со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4) за 77 минути игра.
Вечерашниот меч македонската тенисерка го доби на убедлив начин. Во првиот сет по 1:0 во гемови за ривалката со два брејка направи серија од пет гема и поведе со 5.1. Сетот го заврши со 6:2. Во вториот сет резултатски беше понеизвесен и нерешен до 4:4 во гемови. Единствениот брејк Ѓорческа го направи во деветтиот гем, а потоа сетот го заврши со 6:4.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Британката Амарни Бенкс.



































