Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе го дознае противникот за бараж дуел за Светското првенство 2026-та.
Во Цирих во 13 часот ќе биде извршена ждрепката која црвено-жолтите ја чекаат од четвртиот шешир.
Веќе е јасно дека Македонија ќе има тежок противник во полуфиналето, од групата на „носители“. Тоа ќе биде селекција од првиот шешир се во кој се: Италија, Турција, Украина и Данска. Тие ќе бидат домаќини во полуфиналето на репрезентациите од четвртиот шешир (Македонија, Романија, Шведска, Северна Ирска).
Во втората половина на ждребот се: Велс, Полска, Чешка и Словачка со предност на домашен терен во дуелите во кои противници би им биле некои од селекциите на Р.Ирска, Албанија, Босна и Косово.
Потоа ќе следува ждрепката за финалињата во кои ќе вкрстат победниците од првата и втората половина на ждрепката, а ќе се извлечат и домаќините на финалињата.
Полуфиналните натпревари се закажани за 26 март, а финалните за 31 март, кога ќе биде и комплетиран списокот на учесници. Четирите победници ќе им се приклучат на: Австрија, Белгија, Хрватска, Англија, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шкотска, Шпанија и Швајцарија кои веќе обезбедија пласман на Мундијалот.
Кој ќе стои на патот на Макеоднија за првото учество на Мундијалот, може да ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ.






































