Екипата на Пелистер не успеа да ја мине првата пречка во ФИБА Лигата на шампионите. Пелистерци се поразени од италијанската Реџина во првата рунда од квалификацискиот турнир што ќе се игра во Самоков, Бугарија

Реномираниот италијански тим Реџина славеше против Пелистер убедливо со 99-87.

Уште по првиот период Реџина покажа зошто е голем фаворит на овој натпpeвар. Италијанската екипа имаше и двоцифрена предност, а на првата пауза замина со +8 (31-23). Иако за миг во вториот квартал Пелистер се врати во игра и намали на четири разлика, сепак веќе на полувремето Реџина имаше убедлива предност 58-42.

Во второто полувреме италијанската екипа само ја одржуваше таа разлика, па на крај заслужено славеше победа со дваесет разлика.

Така битолчани го завршија настапот во квалификациите за Лигата на шампионите во кои Реџина во полуфиналето ќе игра со белгискиот тим Антверп кој беше подобар од романската Ородеа.

Пелистерци пак ќе имаат можност да ја продолжат европската авантура со настап во квалификациите за ФИБА Европскиот куп.

Следете нé на социјалните мрежи