Репрезентациите на Германија и Турција вечерва во Рига ќе се борат за шампионскиот трофеј на машкиот Евробаскет.
Сосема заслужено овие две репрезентации ќе играат во последниот натпревар на шампионатот. Впрочем, само тие две остварија по максимални осум победи, но вечерва една од нов ќе ја почувствува горчината на поразот.
Актуелниот светски шампион Германија ќе има шанса да ги обединат светската и европската титула. За Германците тоа ќе биде третото финале во кои ќе атакуваат на второто злато. Ова откако во првото 1993 година Германците се закитија со злато совладувајќи ја Русија, а потоа во 2005 година во Белград загубија од Грција.
И Турците ќе го бркаат првото злато. Избраниците на Атаман покажаа дека се одличен тим и дека не случајно до финалето. Единственото свое европско финале Турците го играа во 2021 година и тоа пред домашната публика во Истанбул, кога беа поразени од тогашна СР Југославија.
Кој ќе се радува на првото европско злато, Турција или Германија ќе видиме во натпреварот од 20 часот.
Претходно од 16 часот во натпреварот за бронзениот медал ќе играат Финска и Грција.



































