Полека привршува и последниот Гренд-слем тениски турнир во годината УС Опен, на кој остануваат уште четири меча. Кај дамите останува да се игра уште финалето, во кое за трофејот ќе се борат Арина Сабаленка и Аманда Анисимова.
Ова е исходот по ноќеска одиграните полуфинале дуели по кои Белорусинката и Американката се изборија за финалето.
Во репризна на ланското финале, Сабаленка повторно беше подобра од Американката, Џеика Пегула. Мечот што траеше два часа и седум минути, Белорусинката го доби во трои сета (2-1). Иако првиот го загуби со 4:6, следните два Сабаленка ги реши во своја полза со 6:3, 6:4.
На патот до нов трофеј во Њујорк на Сабаленка повторно ќе и се испречи Американка.
Аманда Анисимова избори за прв пат финале на УС Опен откако по голема бора и три сета со :7 (4), 7:6 (3), 6:3 ја победи Наоми Осака која има два трофеи од овој турнир.
Финалниот меч во женска конкуренција е закажан за утревечер од 22 часот.