На Европското кошаркарско првенство денеска натпревари од последното 5.коло во Ц и Д групите. По него може да бидат познати сите селекции кои ќе продолжат во нокаут рундата, односно ќе се комплетираат осминафиналните парови.
За осминафиналето остануваат само уште две места во Д групата од која Грција и Италија веќе си ја завршија работата. Во игра за третото и четвртото место се три репрезентации, актуелниот европски шампион Шпанија, селекцијата на Грузија и Босна и Херцеговина.
Уште по првиот натпревар во Лимасол, меѓу БиХ и Грузија многу работи ќе бидат појасни. Ако победи Грузија, таа заедно со Шпанија ќе оди понатаму. Триумф на Босанците им носи осминафинале, па во таква ситуација ќе се чека исходот од дуелот Шпанија – Грција. Тогаш европските прваци Шпанците ќе мора да победат ако сакаат осминафинале.
ЕВРОБАСКЕТ – последно 5.КОЛО
Ц група – Лимасол, Кипар
14:00 БиХ – ГРУЗИЈА
17:15 ИТАЛИЈА – КИПАР
20:30 ШПАНИЈА – ГРЦИЈА
*Грција, Италија, се осминафиналисти
Д група – Катовице, Полска
14:00 ФРАНЦИЈА – ИСЛАНД
17:00 ИЗРАЕЛ – СЛОВЕНИЈА
20:30 ПОЛСКА – БЕЛГИЈА
*Франција, Израел, Полска и Словенија се осминафиналисти
Инаку досега познати се четири пара за осминафиналето.
ЕВРОБАСКЕТ – 1/8 финале
ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА
СРБИЈА – ФИНСКА
ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА