Светскиот рекет број 2 Карлос Алкараз лесно обезбеди пласман во третата рунда на последниот Гренд-слем УС Опен.
Во меч од 2.коло, Шпанецот одигра само 1 час и 38 минути против Италијанец, Матија Белучи, кому му препушти само четири гема. Во првиот Алкараз загуби еден (6-1), вториот го доби експресно (6-0), а последниот заврши со 6-3.
И во следната рунда, Алкараз за противник ќе има Италијанец и тоа 23-тиот на АТП листата Лучијано Дардери.
Од фаворитите пласман во третото коло обезбеди и Германецот, Александер Зверев кој со 3:0 го совлада Чилеанецот, Табило.
Домашниот тенисер, Американецот, Бен Шелтон (6 носител) исто така во три сета беше подобар од Шпанецот, Карено.
Настапот на УС Опен го заврши петиот носител Британецот, Џек Дрејпер кој поради повреда не го одигра мечот против Белгиецот, Драпер.

































