Од кошарката правиме преглед на случувањата во најквалитетната европска конкуренција Евролигата.
Кошаркарите на Реал Мадрид приредија вистинска офанзивна рапсодија, совладувајќи го францускиот Асвел со убедливи 111-92.
Сето тоа благодарение на фуриозниот напад и 19 погодени тројки. Шпанскиот гигант ја запиша третата последователна победа. Предводник беше феноменалниот Андрес Фелиз кој уфрли 26 поени кој погоди осум тројки.
Турскиот претставник Фенербахче пред своите симпатизери во Истанбул направи целосен пресврт против белградски Партизан и славеше со 74-65.
Српскиот тим започна подобро и водеше на полувремето, но домаќините со серија од 34-16 во третата четвртина го прекршија дуелот. Домашниот состав постави нов историски рекорд во елитното натпреварување со неверојатни 14 тимски блокади на еден натпревар.
Екипата на Дубаи продолжи да пишува историја откако го освои Милано со 97-101 за перфектна двојна недела.
Двејн Бејкон беше незапирлив со 29 поени, погодувајќи шест тројки од исто толку обиди.
Во последниот неизвесен дуел, Макаби Тел Авив издржа пеколна завршница и ја совлада Валенсија на гостински терен со 88-91.
Шестото коло донесе ќе биде комплетирано денеска со нови 6 натпревари а дербито е во Барселона каде гостува Олимпијакос во последниот меч.
ЕВРОЛИГА – 6 КОЛО
19:00 часот: ЖАЛГИРИС – АНАДОЛУ ЕФЕС
19:00 часот: БЕШИКТАШ – БАЕРН МИНХЕН
20:00 часот: ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРИЗ
20:15 часот: ПАНАТИНАИКОС – ХАПОЕЛ ТЕЛ АВИВ
20:30 часот: ВИРТУС БОЛОЊА – БАСКОНИЈА
20:30 часот: БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИЈАКОС





































