Десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига се отвора во сабота со настапите на второпласираната Струга Т.Л. и актуелниот шампион Вардар.

Стружани први излегуваат на теренот од 12 часот на незгодното гостување кај екипата на Шкендија Арачиново. Два часа подоцна, Вардар ѝ гостуваат на Брегалница во Штип во уште едно традиционално фудбалско дерби. Двете екипи имаат по 17 бода и бараат победи за да ја стигнат Шкендија која е на лидерската позиција со 20 бодови.

Прволигашката програма продолжува в недела со два важни натпревари. Екипата на Башкими од 12 часот го пречекува кратовски Силекс пред својата домашна публика. Од 14 часот лидерот на табелата тетовска Шкендија патува на гостување кај последнопласираниот тим на ФК Скопје. Тетовци се во резултатска криза и имаат апсолутен императив за триумф против „фенерџијата“ во македонскиот шампионат.

Десетто коло во ПМФЛ ќе биде комплетирано со последниот натпревар во понеделник. Тимот на Арсими на домашен терен игра против разиграниот кавадаречки Тиквеш со почеток од 14 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање