Продолжуваат натпреварите во „Б“ дивизијата на Европското кадетско првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Скопје.
Сега на ред е разигрувањето, односно нокаут фазата.
Македонските кадети не успеаја да се вбројат меѓу осумте најдобри, а со тоа да изборат четвртфинале. Сега избраниците на Нермин Пепиќ че разигруваат за пласман од 9 до 16 место. Тоа благодарение на единствената убедлива победа над Словачка, а по четирите порази, со што македонските кадети завршија како четврти во својата група.
За разлика од нив, денешниот противник Шведска, поразот во последното коло од Португалија ги чинеше четвртфинале. Младите „викинзи“ претходно во групата славеа три победи, но тоа не беше доволно за едно од првите две места.
Затоа противникот несмее никако да биде потценет, доколку македонските надежи сакаат повторно да се радуваат. Победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот Бугарија-Исланд, во разигрувањето од 9 до 12 место. Поразените ќе разигруваат од 12 до 16 место.
Дуелот Македонија – Шведска што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 18.30 часот, можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































