Својот настап на меѓународната сцена има и кадетската машка селекција на Македонија.
Во рамките до „Б“ дивизијата на ЕП за кошаркари до 16 години во Скопје, Македонија денеска ќе игра против БиХ.
Трите пораз на претходните натпревари, значеа и крај на надежите за евентуален пласман во четвртфиналето.
Сега избраниците на селекторот Нермин Пепиќ ќе мораат да борат за избегнување на последните две места на табелата во „Б“ групата.
Задачата нема да биде ни малку лесна имајќи во предвид дека денешниот противник БиХ веќе оствари две победи.
Натпреварот Македонија – БиХ што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
▶️🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО





































