Машката јуниорска репрезентација на Македонија, следната година повторо ќе игра второлигашката „Б“ дивизијата на ЕП за кошаркари до 18 години.
Ова откако попладнево во последниот натпревар од шампионатот што се одржува во Белград, Македонија беше поразена од Бугарија во директниот дуел за опстанок во елитата.
Во дуелот за 13-тото место во конечниот поредок, Македонија загуби со 87-90.
Првата четвртина мина во израмнета игра а, за нијанса подобри беа на македонските јуниори која добија со 25-22. Во вториот квартал жолто-црвените има и највисоки девет поени предности 39-30. Наместо да продолжат во ист ритам, играта на Македонија падна, па противникот го искористи тоа и на полувреме замина со предност од три поени 41-44.
Второто полувреме, избраниците на селекторот Андреевски го почнаа лошо. Постигна Македонија само еден поен за четири минути, а прими 10, па противникот дојде до седум поени предност 47-54. Сепак до крајот на периодот жолто-црвените успеаја повторно да се врата во игра, а во поседната четвртина влегоа со поен негатива 66-67.
Иако на стартот на последниот период поведоа (69-67), сепак тоа беше се што сторија македонските јуниори. Тргна „возот низ брдо“ со серијата на противникот од 0-17 (70-86), па таквата предност се покажа како недостижна за македонските надежи.
Иако на 42.секунди до крајот стигнавме на -2 84-86, немаа сили, а немаше ниту време, макеоднските јуниор да направат пресврт.
Така со шест порази и само една победа над Белгија, Македонија заврши 14-та, а со тоа го загуби и прволигашкиот статус во „А“ дивизијата за кошаркари до 18 години.




































