Женската сениорска репрезентација на Македонија го впиша четвртиот пораз во квалификациите за Европското првенство.
Вечерва во СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје, Македонија загуби од Грција со 0:3 во сетови.
Кратко траеше рамноправноста во првиот сет, само до 3-3, по следуваше серија на противниците од 0-6. И во продолжението тешко одеше поентирањето, па наредните три поени ги добивме по сервис грешки на противничките. Сепак разликата веќе беше двоцифрена и беше јасно дека Грција ќе го добие сетот. На крајот тоа беше и убедливо со 8-25.
Уште полош стар имавме на вториот сет. Во него првиот поен дојде откако Грција веќе имаше освоено шест. И тој сет гостинките од Грција го добија експресно и убедливо со 11-25.
Третиот беше само чиста формалност, а и тој им припадна на противничките со 19-25. .
За македонските одбојкарки тоа беше третиот пораз во исто толку одиграни натпревари, во кои сеуште немаат освоено сет.
Последниот меч македонските одбојкарки ќе го играат на 9 август на гости кај Австралија.


































