Вардар и Еурофарм Пелистер ги дознаа противниците
Новата сезона од регионалната СЕХА лига ќе започне напролет. Денес беа објавени имињата на екипите, форматот на групите и системот на натпреварувањето. И во новата сезона наши преттставници во ова натпреварување ќе бидат Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер кои ќе настапуваат во различни групи.
Шампионот Вардар ќе биде дел од „Б“ групата во која за противници ќе ги има екипите на Татран Прешов и белградси Партизан, додека екипата на ППД Загреб ќе биде во повластена улога (како носител) и директно ќе игра во четвртфиналето.
Таквата улога во групата „А“ ќе ја има унгарскиот престваник и актуелне СЕХА првак, тимот на Веспрем. Затоа пак конкуренти на Еурофарм Пелистер за една од двете позиции кои водат во четвртфиналето ќе му бидат хрватскиот вице-првак Нексе Нашице и тимот на Војводина.
Двете прворангирани екипи од групите че играат во четвртфиналната рунда, а четирите победници од нокаит фазата ќе изборат пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир, кој е планиран од 21 до 23 април 2023 година.
Титулата од минатата сезона ја брани унгарски Веспрем.