Макеоднските ракометари денеска го означија почетокот на подготовките за престојниот Мундијал, во Полска и Шведска што ќе с еира на почетокот на новата година.

Еден од лидерите на оваа селекција секако ќе биде Филип Талески. вардаровиот бек смета дека веќе не смее да има оправдување дека ова е млада и неискусна селекција, туку сите што ќе добијат шанса од селекторот Лазаров, ќе мора да одиграат на високо ниво.

„Конечно се случи промената на составот со повозрасните ракометари, имавме голема помош во баражот, каде што целото искуство ни го префрлија на нас и ни кажаа дека ние сме на терен и треба да бидеме лидери. Сепак, на големите натпреварувања е поинаку, секој втор ден се игра натпревар и затоа се собираме порано. Ни недостигаат само два ракометари, Кузмановски и Митревски, меѓутоа се собравме за овие 10 дена да ги искористиме за основни подготовки. Последните 10 дена пред настапот треба да видиме што ни недостига на тие контролни натпревари и потоа да ги коригираме грешките“,

изјави Талевски.

Иако од четирите селекции колку што брои групата, само последно пласираната нема да да се пласира во следната фаза, Македонија во дуелите против Норвешка (13. јануари од 20:30 часот), Холандија (15. јануари од 18 часот) и Аргентина, последниот противник од оваа фаза (17. јануари од 18 часот), ќе се обиде да направи изнанадување и да се пласира во следната фаза на шампионатот.