Карлос Алказар и Данил Медведев ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Ова е епилогот по синоќа одиграните полуфинални натпревари.
На второ рангираниот светски тенисер Алказар, му требаа речиси два часа да го добие дуелот со Италијанецот, Јан Синер во два сета. Првиот мина во израмнета борба па младиот Шпанец го доби дури во тај-брејкот со 7-4, но затоа во вториот на противникот му препушти само три гема (6-3).
Иако траеше временски пократко, сепак полуфиналето меѓу Медведев и Американецот, Тиафо беше далеку по неизвесно. И на тој меч се одиграа два сета, кои Русинот ги доби со 7-5 и 7-6.
Финалниот меч меѓу Алказар и Медведев ќе се игра вечерва, а почетокот е закажан на полноќ по македонско време. Доколку Шпанецот стигне до трофејот, тој веќе утре ќе избие на првото место на АТП листата потиснувајќи го Новак Ѓоковиќ кому американските власти не му дозволија да игра на овој турнир.
Инаку вечера од 21 часот на истиот турнир ќе се игра и женското финале, кое практично ќе биде реприза на финалето од пред два месеци, кога за трофејот на првиот Гренд слем во Мелбурн, односно Австралија опен, играа Арина Сабаленка и Елена Рибакина.