Ништо ново кога во прашање е настапот на макеоднската женска јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија.

Младите македонски кошаркарки и по трет пат се убедливо совладани во второлигашката „Б“ дивизија на Европскиот шампионат во Литванија.

По поразите од Романија (-42) и Германија (-48), вечерва нашите јуниорки загубија од Шведска со 40 разлика 41-81.

Како на претходните, така и во овој меч, противникот полека го „кршеше“ нашиот отпор. Со само 4 постигнати поени во една четвртина (втората) избраничките на селекторот Петровски и немаа што да бараат во овој дуел.

Ања Начевска со 17 поени повторно беше нашата најефикасна кошаркарка, а по девет постигнаа Ива Колева и Јана Пишлиевска.

Утре и задутре нашите млади кошаркарки ќе имаат слободни денови. Последниот натпревар во групната фаза против Ирска ќе го играат во среда (9 јули) на пладне (12 часот).