Екипата на Пелистер ќе биде единствен претставник на македонската кошарка во ФИБА Лигата на шампионите.
Пелистерци ги дознаат имињата на противниците на квалификацискиот турнир што ќе се игра кон крајот на месец септември. Италијанскиот прволигаш Реџо Емилија ќе биде првиот противник на Пелистер во четвртфиналето.
Победа над Реџо Емилија би значела и пласман во полуфиналето на турнирот, каде Пелистер би се сретнал со победникот од дуелот Орадеа (Романија) – Антверп (Белгија). Победникот од овој меч во финалето на турнирот би играл со најдобриот од долниот дел од „костурот“. Таму силите ќе ги одмерат ПАОК (Грција) – СЦ Дерби (Црна Гора) и Бурса (Турција) – Брауншвајг (Германија).
Согласно правилата, во секој од трите турнири ќе учествуваат по осум екипи. Само победниците на турнирите обезбедуваат учество во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Речиси сигурно, поразените екипи ќе имаат можност да ја продолжат европската авантура со настап во ФИБА Европскиот куп.
Квалификациските турнири, ќе се играат во периодот од 23 до 28 септември.


































