Машката младинска кошаркарска селекција на Македонија, за играчи „Под 20“ години, од денеска е во Романија, поточно во градот Тарговиште.
Таму во наредните два дена ќе ги одигра и првите контролни натпревари како дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“. Противник ќе биде домашната младинска репрезентација на Романија, а натпреварите се закажани на 13. и 14. јуни, со почеток од 18.часот по локално време.
Престојот во Романија, селекторот Горан Самарџиев и неговите асистенти ќе го искористат да одиграат уште еден натпревар. Против јуниорската репрезентација на Романија (играчи „Под 18 години“). Тој меч е закажан за 16.јуни, во градот Питешти, со почеток од 16 часот по локално време.
На пат за Романија, селекторот Горан Самарџиев поведе 14 кошаркари:
Ангел Кечовски, Ангел Стојанов, Бојан Величковски, Димитар Зетов, Дино Лазарев, Грегориј Јакимовски, Исак Муареми, Јордан Кузманов, Koста Ќириловски, Марко Луканоски, Матеј Николовски, Павел Иванов, Сергеј Младеновски и Стефан Стојковиќ
Македонските младинци од 11 – 20 јули ќе играат на првенството во Ереван, Ерменија.
Тие ќе бидат дел од групата „Ц“ заедно со селекциите на Швајцарија, Австрија, Холандија, Грузија и Данска.