Ракометарите на Алкалоид со две победи над италијанскиот тим Бриксен во осминафиналето од Европскиот куп обезбедија пласман во четвртфиналето. Вечерва во реваншот го совладаа Бриксен со 38:31 што беше шести триумф за Алкалоид сезонава во Европскиот куп.
Заслужено ја минавме оваа осминафинална пречка. Тоа е екипа брз полетна, но имаат проблем со ротацијата, мал фонд на играчи, но тие 8-9 играат квалитетно. Тоа го видовме во првото полувреме. На Бриксен му недостасуваат уште два до три играчи за да биде конкурентен. Нивниот отпор го скршивме во првите минути од вториот дел, откако ги поправивме грешките од првиот дел. Ние обезбедивме четвртфинале, секако дека не очекува нас и сите други голема борба за полуфиналето. Малку ќе биде проблематично бидејќи во тој период ќе има многу натпревари како клупски така и репрезентативни, изјави на прес конференцијата тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров.
За ракометарите на Алкалоид нема да има одмор бидејќи утре ќе имаат тренинг во пресрет на дербито во понеделник со шампионот Еурофарм Пелистер.