Со денешното дерби меѓу Шкендија и Силекс се комплетира 14.коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Дуелот на арената „Тодор Проевски“ донесе интересен и борбен фудбал со поделба на бодовите, а Шпанија и Силекс одиграа 1-1.

Тетовци подобро го отворија натпреварот и дојдоа до предност уште во 18. минута. По голема грешка во одбраната на кратовци, Ѓеорѓиевски му асистираше на Фабрис Тамба, кој лесно го совлада Џеков за 1-0. По водството, домаќинот ја препушти играта на противникот. Силекс се обидуваше да стигне до израмнување. Создадоа повеќе шанси кратовци, но завршницата им беше јалова, па Шкендија на одмор замина со гол предност.

Избраниците на Васоски во вториот дел продолжија со притисок кон голот на Шкендија во обид да го израмнат резултатот. Тоа на кратовци им успеа во 53. минута, кога Никола Манојлов со прекрасен погодок ја затресе мрежата на Шкендија за конечни 1-1.

Овој погодок како да го под разбуди составот на Шкендија, па тетовци тргнаа кон голот на Џеков да ја вратат предноста. Во отворената игра и кратовци не се повлекоа, напротив и тоа се обидуваа да направат комплетен пресврт. Двата тима создадоа неколку шанси, а најзрелата беше за Шкендија, кога Нзенгуе ја погоди старицата ид голот на Џеков, па резултатот остана 1-1.

Со освоениот бод Шкендија стигна до вкупно 28 и се врати на второто место на табелата. Тетовци сега имаат четири бода помалку од лидерот Струга Трим Лум, а еден повеќе од третопласираниот Тиквеш. Силекс со овој бод се проби на петтата позиција со 18 бода, колку што има и Шкендија Арачиново.

Во следното 15. коло Силекс ја пречекува Струга Трим Лум, додека Шкендија гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање