Трите македонските ракометни претставници денеска ги играат реванш натпревари од второто коло во ЕХФ Европскиот куп. Охрид, Алкалоид и Бутел Скопје бркаат за пласман во следната фаза на европската сцена.
По вчерашната убедлива победа со дванаесет голови разлика (36:24), охриѓани денеска против Спор Тото треба само да го потврдат пласманот понатаму. Актуелниот бранител на трофејот, во ова натпреварување, Охрид, повторно ќе игра пред домашната публика во салата „Биљанини извори од 18.30 часот.
Ракометарите на Алкалоид гостуваат во Австрија со одлична предност од девет погодоци (31:22) за дуелот со Ферлах. Избраниците на Кирил Лазаров не би требало од готово да направат вересија и да ја испуштат убедливата предност. Овој дуел ќе почне во терминот од 19 часот.
Најтешка задача ќе има Бутел кој пред својата публика брка негатива од три гола (24:27) против хрватската Горица. Натпреварот ќе се игра во салата „Расадник“ во терминот од 17 часот.






























