Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години денеска ќе го игра реванш дуелот со врсниците од Босна и Херцеговина.
Ова е втор контролен, пријателски, натпревар на овие две селекции. Првиот што се одигра пред два дена го добија гостите со 1-3.
Тој пораз ќе биде мотив повеќе за избраниците на селекторот Димитар Капинковски да му се реваншираат на противникот и да се израдуваат на победа.
Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ. Почетокот е закажан за 11 часот, а влезот е слободен.
Дуелот Македонија – БиХ може да го гледате во живо овде.