Ракометарите на Алкалоид по репрезентативната пауза, сега се подготвуваат за продолжението на сезоната во домашното првенство, но и Европскиот куп.

Тимот од Автокоманда кој е лидер на Суперлигашката табела, вториот дел од сезоната ќе го почне со гостувањето кај Струга следниот викенд. Но викендот потоа, наместо со велешки Бисинов, Алкалоид ќе го игра натпреварот во ЕХФ Европскиот куп.

Во првиот дуел од осминафиналето Алкалоид ќе гостува во Италија кај екипата на Бриксен. Натпреварот е закажан за 15 февруари (сабота) во терминот од 19 часот.

Реванш дуелот во салата Автокоманда ќе се игра седум дена подоцна (22 февруари) од 18 часот.