Екипата на Шкупи направи уште едно големо изненадување, совладувајќи го тимот ТФТ кој ја имаше улогата на фаворит.

Во последниот натпревар од 16.коло на Првата лига одигран вечерва во СЦ „Кале“, Шкупи го победи ТФТ со 87-82. Во најголемиот дел од натпреварот тимот од скопски Чаир ја имаше контролата над играта и резултатот. Водеше Шкупи и со најголеми 15 разлика (80-65), за на крајот да слави само со пет. Во самиот финиш ТФТ дојде на негатива од еден поен (81-80), но екипата на Тафталиџе немаше сила за пресврт.

ТФТ го претрпе петтиот пораз по која остана второрангиран на табелата, сега со две победи помалку од лидерот МЗТ Скопје. Шкупи ја врза третата победа во низа и сега е десетти со 22 бодови коли предна него има и Тиквеш.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 16 коло

Комплетни резултати
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЧАИР 86-74
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 112-73
ГОСТИВАР – МКК КУМАНОВО 56-62
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР 91-73
ФЕНИКС – ТИКВЕШ 112-103 (по 2 продолженија)
ШКУПИ – ТФТ 87-81

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 29 бодови, ТФТ 27, Работнички 26, Кожув 26, МКК Куманово 26, Пелистер 26, Чаир 24, Феникс 23, Тиквеш 22, Шкупи 22, Гостивар 21, Вардар 16.