Додека сите го исчекуваат првиот настап на Македонија на СП, тажна вест доаѓа од македонскиот ракомет.

Утрово, ненадејно почина на долгогодишниот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ.

Роден е на 24 септември во 1973 година во Бјелина и низ годините градеше успешна ракометна кариера. Беше дел од екипите на Слобода Тузла во БиХ, на Сплит во Хрватска, на Апатин во Србија, на Болоња во Италија. Најголемите успеси на клупски план ги постигна во Македонија, во дресовите на Вардар, Пелистер, Јафа Промет, за Борец, а играчката кариера ја заврши во Металург во 2009 година.

Со репрезентацијата на Македонија настапи на неколку европски и светски првенства.

Тренерската ја почна во Автокоманда. Беше на кормилата на првиот и вториот тим на Металург, а потоа работеше во двете битолски екипи на Еурофарм Пелистер.

Токму Јовиќ во Битола ја врати титулата по 18 години. Последен негов ангажман беше на кормилото на Тинекс Пролет.