Тенисерите кои ја имаат улогата на носители на првиот Гренд-слем турнир годинава Австралија опен, засега одат според планот.
Победи во првата рунда обезбеди петтиот фаворит Данил Медведев. Русинот неочекувано се мачеше во мечот со 418-от играч на светот, Тајланѓанец, Самреј Касидит. Медведев го доби мечот 3:2 во сетови, но мораше да игра 3 часа и 8 минути.
А, четири минути повеќе на теренот мина Холгер Руне. 13-носител два пати имаше негатива во дуелот со кој со Кинезот, Зижен Жанг кого го победи со 3:2. Данецот закажа дуел во 2.коло со Италијанецот, Матео Беретини, кој претходно со 3:1 го совлада Камерон Нори.
Четвртиот носител во Мелбурн, Американецот Тејлор Фриц беше подобар од својот сонародникот Џејсон Бруксби во три сета 6:2, 6:0, 6:3. Во следното коло Фриц ќе игра со Кристијано Гарина, кој во три сета го победи и Борна Чориќ од Хрватска.
Претходно во текот на ноќта руската тенисерка Карен Хачанов обезбеди следно коло, откако по три сета го елиминира Адријан Манарин со 7:6 (5), 6:3, 6:3.