Во Мелбурн ноќеска стартуваше првиот годинашен Гренд-слем тениски турнир Австралија Опен.

Најдобрата светска тенисерка и победничка на последните две изданија Арина Сабаленка без проблеми ја мина првата пречка.

На патот кон одбрана на титулата и остварување на „хет-трик“, Белорусинката ја совлада Слоан Стивенс во два сета. Сабаленка на противничката и препушти три гема во првиот и само два во вториот сет.

Од носителките, пласман во втората рунда обезбедија 5-тата Женг од Кина, 11-тата Бадоса од Шпанија, како и Хрваткста, Векиќ која е 18-то рангирана во Мелбурн.