Најдобриот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ, од денеска и официјално станува „кралот“ на оваа игра.
Србинот ја започнува 378 седмица на првото место на АПТ ранг листата.
Со тоа Новак ја мина легендарната Германка, Штефи Граф која 377 недели беше прворангирана на ВТА листат, со што Србинот и официјално стана апсолутен рекордер во тенисот.
„Среќен сум и горд на тоа. Се трудев да го задржам високото ниво на игра и посветеноста во сите овие години. Тоа е резултат на работа, труд, љубов, желба и старт према спортот. Се во пакет направи да постигнам ваква висина. Од една страна сакам да уживам со успесите и да ги доживувам како што треба, но не премногу бидејќи треба да свртам нов лист. Така е во тенисот“, изјави Ѓоковиќ.
Тој веќе оваа недела ќе атакува на нов трофеј и тоа на Марстерсот во Дубаи на кој разбирливо е прв фаворит.