Изминатата ноќ во најсилното светско кошаркарско натпреварување мина во знакот на Дамиан Лилард.

Кошаркарот на Портланд се впиша во историјата на овој клуб откако на дуелот против Хјустон кој „Блејзерси“ го добија со 131-114, тој постигна 71 поен со што се најде на 7-то место на вечната листа на најдобри стрелци на еден натпревар. Водено тој е трет играч во историјата со пет натпревари на кој ја минал границата над 60 поени, а пред него се само Вилт Чемберлен (32) и Коби Брајант (6), додека зад него остануваат Мајкл Џордан и Џејмс Харден со по 4 натпревари.

Со тоа Лилард го подобри својот и клупскиот рекорд што досега изнесуваше 61 поен, а го делеше и само една тројка од НБА рекордот на Клеј Томпсон, па со 13 реализирани се израмни со Стеф Кари и Зек Лавин.

Од останатите натпревари го издвојувам дуелот во Денвер каде „Haгетси“ предводени од Никола Јокиќ и неговиот нов трипл-дабл учинок со 40 поени, 17 скокови и 10 асистенции славеше победа по продолжение над ЛА Клиперс со 134-124.