Најдобро рангираниот светски тенисер Јаник Синер е последниот кој се вброи меѓу осумте најдобри на последниот Гренд-слем годинава УС Опен.
Италијанецот, во осминафиналната рунда беше подобар од домашниот тенисер, Американецот, Томи Пол во три сета.
Во првите два сета се играше рамноправно, а Синер ги доби во тај-брејкот со 7-3 и 7-5 на поени. Во третиот сет Италијанецот одигра на нивото, па на Американецот, му препушти само еден гем (6-1).
За место во полуфиналето Синер ќе се бори во 5-носител Русинот, Данил Медведев.
Австралискиот дуел му припадна на Алекс де Минаур кој со 3:1 во сетови го победи сонародникот Џордан Томсон.
Следен противник на 10-то рангираниот на АТП листата ќе биде Британецот, Џек Дрејпер.
Инаку денеска во првиот четвртфинален меч (19.15 часот) ќе играат (4 носител) Александер Зверев и (12) Американецот, Тејлор Фриц.
Последниот пара за четвртфиналето го сочинуваат (9) Грегор Димитров – (20) Американецот, Френсис Тиафо.