На меѓународниот ракометен турнир во Охрид, „Крсте Андоновски“ денеска на програмата се нови три натпревари. Ќе се играат натпреварите од втората рунда по групи.
Први на теренот во салата „Биљанини Извори“ ќе изладат ракометарите на словенечкиот Цеље и српскиот Партизан во дуелот од 16.30 часот. Тоа е натпревар од „Б“ групата во која се и Вардар и Охрид, кои пак денеска се слободни.
Во „А“ конкуренцијата ќе се одиграат двата натпревари. Во терминот од 18.45 часот ќе играат Динамо од Панчево и црногорскиот Ловќен.
„Шлагерот“ на денот секако е дербито од оваа група. Во него победникот на Купот на Македонија екипата на Алкалоид за противник ќе го има грчкиот Олимпијакос кој лани играше во финалето.
Овој натпревар ќе почне во терминот од 21 часот.
Љубителите на ракометот кои не ќе можат да бидат во салата „Биљанини Извори“ натпреварите ќе може да ги следат во живо на Јутуб каналот на РФМ и низ ТВ преносите на МРТ3