Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е новиот олимписки шампион. До трофејот што му недостасуваше во неговата богата ризница, Ѓоковиќ конечно Србинот го додаде оној што му недостасуваше.

Во финалето што траеше речиси три часа, Ѓоковиќ го победи младиот Шпанец, Карлос Алкараз и тоа во два сета.

Во првиот, што траеше 93.минути, сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па затоа се играше тај-брејк. Во него поумешен беше поискусниот Ѓоковиќ па го доби со 7-3 на поени (7-6).

По ист терк мина и вториот сет, што траеше за нијанса пократко, а Новак го доби со 7-6(7-2 на поени).

Така за прв пат во својата богата колекција на трофеи Ѓоковиќ ќе го додаде и златниот медал од ОИ во Париз.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА