На Европското првенство за кошаркари до 20 години што се одржува во Гдиња, Полска, денеска продолжуваат натпреварите во разигрувањето.
По поразот од Словенија во осминафиналето, македонските младинци сега ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Првата од четирите шанси за остварување на целта, опстанок од „А“ елитната конкуренција беше пропуштена. Втората е денеска против репрезентацијата на Италија.
Евентуален триумф над Азурите ќе значи и опстанок на Македонија во прволигашката конкуренција.
Ќе нé израдуваат ли нашите „надежи“ конечно со победа останува да видиме по натпреварот што ќе почне од 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ