Ништо ново кога во прашање на младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години. Три од три, но порази, имаат македонските младинци на Европскиот шампионат во Полска.
Откако на претходните загубија од Шпанија (55 разлика), потоа и Турција (35), денеска се поразени од Белгија со -27 (59-86).
„Приказната“ беше јасна уште по првата четвртина во која повторо Македонија постигна само 4 поени. На полувремето негативата на жолто-црвените веќе изнесуваше 18 разлика, а противникот во неколку наврати имаше и преку 20.
Во третиот период за нијанса нешто подобра играм но не и да се добие истиот (20-22). Така во последната четвртина противникот влезе со 20 поени разлика (38-58). Во неа Белгијците имаа и највисоко 30 поени разлика, а на крајот славеа со конечни 86-59.
Во нокаут фазата (1/16-финале) Македонија за противник ќе ја има Словенија која со три победи беше прва во Д групата.
Потсетување дека целта на овие македонски кошаркари е да обезбедат опстанок во елитната „А“ дивизија, односно да го сочуваат она што генерацијата пред нив им го овозможи.