Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја одбрни титулата на Вимблдон откако во финалето (реприза на ланското) го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:2, 6:2 и 7:6(4)). Ова за Алкараз беше четврто Грен слем финале и во сите четири успеа да триумфира.
Денешното финале почна со еден од најдолгите гемови во мечот, а на сервис на Ѓоковиќ гемот и водството му припадна на Алкараз, која таа предност само ја зголеми откако во петтиот гем направи уште ден брејк за водство од 4:1 во гемови. И во вториот сет на почетокот брејк за шпанскиот тенисер и водство од 1:0 во гемови. За потврда на доминацијата во првите два сета Алкараз направи уште еден брејк за водство од 5:2, па така и вториот сет го заврши со идентични 6:2 во гемови.
Вистинска борба имаше само во третиот сет, кога Ѓоковиќ (остана со 7 Грен слем титули на Вимблдон и 24 вкупно) во своето 10-то финале покажа равноправна игра. Во 9-тиот гем Алкараз го направи првиот брејк во сетот за водство од 5:4 во гемови, но 10-тиот гем беше вистинска драма Алкараз поведе со 40/0 и имаше три меч топки, но Ѓоковиќ го направи единствениот брејк во мечот за 5:5 што го однесе во тај брек. Но, во завршниот гем Алкараз беше одличен и го доби „13-тиот гем“ со 7:4 на поени за голем триумф и одбрана на титулата на Вимблдон.
Ова за Алкараз е втора титула на Вимблдон, а е еден од ретките тенисери што имаат победа на Ролан Гарос и Вимблдон во иста година (Род Лејвер, Бјорн Борг, Рафаел Надал, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ)