Трета година во низа во Скопје се одржува меморијалниот турнир „Марко Божиновски“. Ракометниот турнир во младински конкуренции кој е во чест и сеќавање на Марко Божиновски и годинава ќе има интернационален карактер.
На турнирот настапуваат екипи од Македонија, Србија, Црна Гора и Романија: Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Бутел (Македонија), Војводина (Србија), Морнар (Црна Гора), Одорхеи (Романија) и Коњух (БиХ). Натпревари ќе се играа во спортскиот центар во Аеродром, а што го носи неговото име.
И годинава како и лани, во склоп на турнирот ќе се одржи крводарителска акција, со што ќе се надополни хуманитарниот карактер на турнирот. Крводарителска акција која ќе се одвива од 09-14 часот на 15 јуни.
Претпладнево се одиграат првите два натпревари, а по свечената серемонија закажана во 17 часот, ќе следуваат уште три натпревари.
Распоредот и саатницата може да ги видите во продолжение на објавата.