Женската репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот. Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49.то место што е и најдобар ранг. Покрај Македонија и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75.та позиција.
Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој ранг (49.место) со вкупно 373 поени. Разликата меѓу Македонија и Грузија која е пред нас на ранг листата е минимална односно само половина поен – Грузија има 375,50 поени.
Воедно нашата репрезентација е рангирана како 30-та во Евро-африканската зона притоа првите 30 репрезентации сите се од Европа.
На првите пет места на ранг листата се наоѓаат репрезентациите на: Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.