Со двата натпревари што ќе се играат во Атина и Мадрид, денеска започнува плејофот во кошаркарската Евролига.

На програмата се првите дуел од четвртфиналната рунда која се игра во три добиени натпревари.

Во Атина, кај грчкиот Панатинаикос гостува израелскиот првак Макаби Тел Авив. Актуелниот првак, бранител на шампионскиот трофеј, Реал во Мадрид ќе игра со шпанскиот ривал Басконија. И вторите натпревари од овие серии ќе се играат на исто место, како и останатите два.

Во нив утре, францускиот Монако го пречекува двократниот првак Фенербахче, додека Барселона е домаќин на Олимпијакос во дербито на четвртфиналето.