Полека наближува крајот на регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, а со тоа и се почестите прогнози кои играл ќе го понесе признанието за најкорисен „МВП“.
Повеќе од веројатно е тоа повторно да биде во рацете на интернационалец. Поточно балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се главни претенденти за него.
Јокиќ е предводникот на актуелниот шампион Денвер кој се бори за првото место на Западот. Дончиќ е најдобар стрелец во НБА лигата и секоја вечер прави нешто ново спектакуларно.
Така беше и синоќа кога Словенецот на загревањето приреди нов спектакл. Тој ја фрли топката кон огромниот семафор над теренот, па топката се одби од подот, а потоа мина низ мрежичката.
Во тимот на Далас веднаш почнаа кампања „Вистински МВП“. Она што е интересен што тимот од Тексас како „хаштаг“ го користи српско-хрватскиот речник, па „Мавси“ напишаа „Реално МВП“.
А, кому реално ќе ми припадне признанието останува да видиме.