Екипата на Јувентус со „минималец“ дојде до победа во Серија А. Со резултат од 1:0 „старата дама” триумфираше над Фиорентина.

Натпреварот беше решен во првиот дел. Федерико Гати го постигна единствениот важечки гол на натпреварот во 21-та минута. Јувентус постигна уште еден гол преку Душан Влаховиќ, но голот беше поништен поради офсајд. Второто полувреме не донесе промена на резултатот.

По 31 коло Јувентус се зацврсти на 3-та позиција со 62 бода. Фиорентина пак се наоѓа на позицијата број 10 со 43 освоени бода.