Машката и женската селекција на Македонија за играчи „Под 14“ години од денеска се во Дробета-Турну Северин. Во овој романски град ќе се игра првиот турнир од новото издание на ФИБА проектот „Заедно до 16“.

Двете наши најмлади репрезентативни селекции ќе одиграат по четири натпревари на турнирот, против Романија, Турција, Бугарија и Косово.

Претходно тренерите на двете национални селекции на играчи родени 2010 година, Teо Митевски во машката, односно Ера Пајазити во женската, ги одредија играчите на кои ќе сметаат за настап на првиот, од неколкуте предвидени турнири од новото издание на ФИБА проектот.

Согласно со распоредот на натпреварите кои ги одреди домаќинот на овој собир – кошаркарската федерација на Романија, на првиот ден од натпреварувањето, нашите млади кошаркари ќе ги одмерат силите токму против двете селекции на домаќинот на турнирот. Натпреварите се закажани за 18 часот (девојчиња), и 20 часот (момчиња) по локално време.

На 4. април нашите селекции се слободни. Ден подоцна ќе играат против соодветните репрезентации на Турција. Потоа, на 6. април (сабота), следуваат мечеви со Бугарија. Додека учеството на турнирот ќе го завршиме со двата натпревари против репрезентациите на Косово.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

3 АПРИЛ (СРЕДА)
18.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (ж)
20.00: Романија – МАКЕДОНИЈА (м)
5 АПРИЛ (ПЕТОК)
10.00: МАКЕДОНИЈА – Турција (ж)
12.00: МАКЕДОНИЈА – Турција (м)
6 АПРИЛ (САБОТА)
10.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (ж)
12.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА (м)
7 АПРИЛ (НЕДЕЛА)
13.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (ж)
15.00: МАКЕДОНИЈА – Косово (м)

** Натпреварите на турнирот може да се проследат на следниот ЛИНК