Нема да биде несекојдневно ако се појави видео во кое НБА играл од својата половина постигнува кош. Такви има безброј.

Кари, Дончиќ, Јокиќ, во поново време, па и многу други честопати сме ги гледале во вакви ситуации.

Сепак, тоа е раритет кога станува збор за кошаркарски натпревари на македонските терни, но не и невозможно.

Тоа го потврди младиот кошаркар на МЗТ Скопје УБ, Бојан Стојановски на минатонеделниот натпревар во Прилеп. И што е уште поинтересно, популарниот „Бокац“ не еднаш туку два пати успеа да го направи тоа.