По еден ден пауза, македонските претставници денеска повторно со настапи во АБА2 лигата. На последниот лигашки турнир во Широки Бријег, на програмата се три натпревари од претпоследното 12-то коло.
Први на паркетот ќе истрчаат кошаркарите на Пелистер и тоа во дуелот со црногорската екипа Подгорица. За битолчани ова можеби е и решавачкиот натпревар пласман во плејофот. Пелистерци во моментов се десетти со пет победи, колку што имаат Хелиос и Борац пред нив, односно победа помалку од Сутјеска која е седма. Но, конкурентите на пелистерци веќе ги одиграа натпреварите од оваа рунда. Затоа победа во денешниот дуел над Подгорица и тоа како може да ик ја отвори вратата на битолчани за плејофот.
Во вечерниот терми, е закажан натпреварот меѓу скопски ТФТ и новосадска Војводина. Иако во текот на вчерашниот ден излезе информација дека дел од играчите на Војводина, како и оние на Борац Бања Лука, добиле труење од храна. Од таборот на ТФТ денеска ни потврдија дека тие се во ред и дека натпреварот ќе се игра според предвиденото.
Натпреварот на Пелистер против Подгорица е закажан во терминот од 18, а дуелот ТФТ – Војводина од 21 часот.
Својот натпревар од 12.коло утре (15 часот) ќе го играат кошаркарите на МЗТ Скопје А. и тоа противи Златибор.