Претстојното лето Германија (14 јуни и до 14 јули) ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство. Групите се одамна извлечени, распоредот познат, но остануваат уште три дилеми, празни места во нив.

Последните три патници на ЕУРО 2024-та ќе ги дознаеме во вторник (26 март), за кога се закажани финалните натпревари во плејофот или популарниот бараж.

А, кои шест селекции ќе се борат за место на шампионатот, ќе доземе вечерва откако ќе бидат одиграни полуфиналните дуели во трите конкуренции.

БАРАЖ – ЗА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Лига „А“ – полуфинале
(четврток 21 март)
20.45 ПОЛСКА – ЕСТОНИЈА
20.45 ВЕЛС – ФИНСКА
финале (26 март – вторник)
Велс / Финска – Полска / Естонија

Лига „Б“ – полуфинале (четврток 21 март)
20.45 ИЗРАЕЛ – ИСЛАНД
20.45 БИХ – УКРАИНА
финале (26 март – вторник)
Босна и Херцеговина / Украина – Израел / Исланд

Лига „Ц“ – полуфинале (четврток 21 март)
18.00 ГРУЗИЈА – ЛУКСЕМБУРГ
20.45 ГРЦИЈА – КАЗАХСТАН
финале (26 март – вторник)
Грузија / Луксембург – Грција / Казахстан