Со натпреварот против силната селекција на Украина, младата фудбалска репрезентација на Македонија (У19) ги почнува квалификациите за ЕП.
Настапот пред домашната публика во Скопје секако ќе биде мотив повеќе за избраниците на селекторот Тони Јакимовски.
„Мислам дека можеме да го повториме успехот, подготвени сме да одговориме на предизвикот. Се соочуваме со проблеми околу повредени фудбалери.
Нема да можеме да сметаме ниту на Елмас за овој турнир. Што се однесува до Даниел Марковски, тој е под знак прашање.
Ќе се обидеме да направиме се што е во наша моќ за да го оспособиме за утрешниот натпревар“, вели селекторот Јакимовски.
Сепак и покрај хендикепот. во црвено-жолтиот табор владее оптимизам.
„Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, нешто што не красеше и на квалификацискиот турнир во Полска.
Желбата и мотивацијата кај фудбалерите се на едно највисоко ниво. Иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е многу силна.
Се надевам дека ќе одиграме тимски и ќе дадеме се од себе. Верувам во успех“, потенцира селекторот.
Почетокот на денешниот натпревар Македонија – Украина е закажан за во 14 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.