Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, денеска ги стартува натпреварите во главната рунда од квалификациите на ЕП во Северна Ирска (15 до 28 јули 2025).

Црвено-жолтите ќе се одбидат да ја искористат предноста на домашниот терен. Имено, натпреварите од седмата група ќе се играат во Скопје на терените „Петар Милошевски“ крај ФФМ и Ѓорче Петров. Противници на Македонија се Швајцарија Украина и Летонија во Скопје.

Сите натпревари ќе се играта во терминот од 14 часот, а македонските фудбалери своите дуели ќе ги играат на теренот „Петар Милошевски“. Прв противник денеска е селекцијата на Украина, по што ќе следуваат дуелите со Швајцарија и Летонија. Само прво пласираната репрезентација од оваа и останатите квалификациски групи ќе обезбеди настап на Европското првенство.

Натпреварите на младите македонски фудбалери ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

КВАЛИФИКАЦИИ ЕЛИТНА ГРУПА 7
20 март

14.00 МАКЕДОНИЈА – Украина
14.00 Швајцарија – Летонија
23 март
14.00 МАКЕДОНИЈА – Швајцарија
14.00 Украина – Летонија
26 март
14.00 МАКЕДОНИЈА – Летонија
14.00 Украина – Швајцарија

Селекцијата предводена од Тони Јакимовски за место во „елитните“ квалификации се избори со настапот на Турнирот во Полска. Таму во рамките од групата 5, македонските надежи го освоија 2,место зад Германија, а пред домаќинот Полска и Казахстан.