Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по голема борба и две победи од 2-1 во сетови на денешните мечеви против италијанските тенисери се избори за ново полуфинале на фјучрсот во Монастир, Тунис.
Тој во двата меча беше без малку 6,5 часа на теренот. Поради временските неприлики организаторите имаа набиена програма денеска, а па се играа мечеви од 2.коло и четвртфиналето.
Најпрвин во мечот од второто коло Ивановски кој е втор носител го совлада Италијанецот Андреа Пичионе со 4:6; 7:6 (8:6) и 7:5 за 3 часа и 17 минути игра.
По малку одмор следуваше нов исцрпувачки меч од четвртфиналето и повторно Италијанец на другата страна од мрежата. Македонскиот тенисер го доби првиот сет со 7:5 во гемови, а потоа ривалот изедначи на 1:1 добивајќи го сетот со 6:2. Во решавачкиот сет Ивановски по 1:1 во гемови имаше серија од 5-0 за победа. Притоа во последниот сет освои речиси двојно повеќе поени 32:17.
И утре во првиот меч од полуфиналето за ривал ќе има тенисер од Италија Фабрицио Андалоро, кој со 2-1 во сетови го победи Тао Му од Кина