Екипата на Реал Мадрид по петти пат во својата историја го понесуваат приматот Светски клупски шампион.

Во финалето на годинашното издание на ова натпреварување чиј домаќин беше Мароко, на преполниот стадион „Мулеј Абдалах“, во Рабат, љубителите на фудбалот беа сведоци на најефикасниот меч во историјата на ова натпреварување, во кој Реал го победи Азиски првак Ал-Хилал од Саудиска Арабија со 5-3.

Реал уште во првиот дел ја најави победата. Венициус во 13.минута поведе со 1-0, а само пет минути подоцна (18) Валверде зголеми на 2-0. Интернационалецот од Мали, Муса Марега во 26-тата минута успеа да намали на 1-2 и да го врати во игра својот тим.

Во вториот дел исто сценарио. Прво два гола на Реал, преку Бензема (54) и Валверде (58), а Вието во 63-минута намали на 4-2.

Но, со вториот гол на Винициус (69-минута) веќе беше јасно дека Реал е на чекор до титулата.

Ал Хилал уште еднаш се обиде да го оспори тоа со вториот голот на Вието во 79.минута, но азискиот првак нема сили да направи комплетен резултатски пресврт, па на крајот европскиот шампион славеше со 5-3.

Така Реал по петти пат во својата историја го освојува ова престижно натпреварување (2014, 2016, 2017, 2018, 2020 и 2022). Сега „Кралевите“ имаат два трофеи повеќе од лутиот ривал Барселона.

Покрај овие два тима само уште минхенски Баерн и бразилскиот Коринтианс успевале да триумфираа по два пати.